„Гардијан“: Трамп сака да избегне натамошна воена конфронтација со Иран

Од:
Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од натамошната воена конфронтација со Иран по неколкуте дена на ескалирачки тензии, изјавувајќи дека Техеран, исто така, се чини, дека отстапува по ракетните напади врз американските бази, пишува британскиот весник „Гардијан.

„Се чини дека Иран отстапува, што е добро за сите заинтересирани страни и многу е добро за светот“, рече Трамп синоќа во својот говор до нацијата.

„Ниту еден американски или ирачки живот не е загубен поради преземените мерки на претпазливост, распрскувањето на силите и системот за рано предупредување, што работи многу добро“, додаде тој.

Подоцна началникот на Главната команда на американската армија, Марк Мили, изјави дека природата на ракетните напади претпоставува дека нападите се наменети за одземање на животите на војниците на САД и нивните сојузници.

„Врз основа на тоа што го видов и тоа што го знам сметам дека тие имале за цел да предизвикаат штети, да уништат превозни средства, опрема, авиони и да убијат војници. Тоа е моја лична оценка“, рече Мили.

Синоќешниот говор на Трамп беше појасен од неговите претходни повоинствени изјави и ставови изнесени на неговиот профил на Твитер по убиството на генерал Касем Сулејмани, во кои тој се закануваше со бомбардирање на иранските културни објекти, што е потенцијално воено злосторство.

Трамп изјави дека САД ќе продолжат да ги  проценуваат варијантите „за одговор на иранската агресија“ и дека ќе бидат наметнати дополнителни санкции против иранскиот режим. Тој не прецизираше какви. Иран е веќе е изложен на американски санкции и многу експерти сметаат дека натамошните мерки од САД ќе бидат од економска природа.

Американскиот претседател уште еднаш ја подвлече значителната моќ на нивните вооружени сили, но изјави дека неговата администрација не се стреми кон конфликт.

„Нашите ракети се големи, моќни, точни, смртоносни и брзи. Во процес на производство се и хиперзвучни ракети“, рече Трамп. „Тоа што располагаме со оваа страшна воена техника и опрема, меѓутоа, не значи дека треба да ја користиме. Не сакаме да ја искористиме“.

„Гардијан“ додава дека претседалот Трамп, кој се наоѓа во кампања за негов реизбор во ноември, во последните денови  е излежен на жестока критика од политичарите на Демократската партија. Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, го обвини Трамп дека САД ги доведе „опасно блиску“ до војна со Иран.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ

Фалената „железна купола“ не пресретнала ниту една од хиперсоничните ракети на Иран

Предраг Петровиќ