Габриел: Проблемот е во Турција, а не во Русија

Од:

Германскиот заменик канцелар, Зигмар Габриел ја критикува Турција поради рушењето на рускиот воен авион и смета дека Анкара станала проблем во блискоисточниот регион.

– Овој инцидент покажува дека таму постои непредвидлив играч и тоа е Турција, а не Русија, изјави Габирел за германскиот весник „Шпигел“.

Тој вели дека Турција игра тешка улога во сиријскиот конфликт.

Се поголем број од европските функционери за инцидентот кои се случи во вторникот ја обвинуваат Турција, а во исто време, се почесто се спомнуваат и врските помеѓу Турција и Исламската држава.

Многу од нив се прашуваат кој всушност ја купува исмаистичката нафта, која стана најголем извор на приходи на терористичката организација.

Аналитичарите потсетуваат дека Москва јавно ја обвини Турција за купување нафта од Исламската држава.

Руските авиони имаат уништено околу илјада цистерни кои сообраќаат во делови на Сирија, а каде контролата ја имаат Исламската држава и Турција.