Г7 се согласи да ги координира истрагите за воените злосторства во Украина

Од:

Министрите за правда на земјите од Г7 денеска се согласија да создадат мрежа за координирање на истрагите за воените злосторства во Украина.

– Судската истрага за злосторствата извршени во Украина ќе трае со години, можеби дури и со децении. Сепак, ние ќе бидеме добро подготвени и ќе (работиме) колку што е потребно, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман.

Земјите од Г7 ќе се погрижат во секоја земја да има централен национален пункт за контакт за гонење на меѓународни злосторства, рекоа министрите за правда во заедничката изјава по нивниот состанок во Берлин, на кој присуствуваа и специјални обвинители од Меѓународниот кривичен суд, државниот обвинител на Германија Петер Франк и украинскиот министер за правда Денис Маљуска.

Бушман, во изјава за медиумите, рече дека ова ќе овозможи информациите за доказите и правните барања да бидат споделени меѓу земјите и меѓународните организации.

Тој ја поздрави денешната средба како прва од ваков вид во историјата на Г7.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за едно лице за учество во руската војска

Британските разузнавачи за руското влијание: Нашата безбедност е загрозена

Предраг Петровиќ

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови