Г20 ја одобри глобалната даночна реформа

Од:

Групата 20 богати земји денеска соопшти дека економските перспективи се подобриле од нивниот последен состанок во април, но исто така предупредија дека новите мутации на коронавирусот можат да го загрозат закрепнувањето.

– Повторно ја потврдуваме нашата решеност да ги користиме сите расположливи алатки на политиката онолку колку што е потребно за решавање на негативните последици од Ковид-19, рекоа министрите за финансии и централните банки на Г20 во последната изјава од состанокот одржан во Венеција.

Како што се очекуваше, групата го одобри глобалниот договор за оданочување на правни лица кој месецов го договори Организацијата за економска соработка и развој со кој се предвидува стапка на данок на добивка од најмалку 15 проценти.

Исто така, за првпат беше речено дека цените на јаглеродот можат да бидат дел од мешовитата политика за борба против климатските промени.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он