Г-7 до крајот на годината ќе формира климатски клуб

Од:

Лидерите на земјите-членки на Г-7 се согласија до крајот на годината да формираат „климатски клуб“, по предлогот на германскиот канцелар Олаф Шолц, јави германската новинска агенција ДПА.

Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и на САД ги поддржуваат целите на отворен и кооперативен меѓународен климатски клуб и ќе работат со партнерите за негово формирање до крајот на 2022 година, се наведува во заедничката изјава од Самитот на Г-7.

Во декларацијата исто така се наведува дека Г-7 се обврзува на високо декарбонизиран транспортен сектор до 2030 година, целосно или доминантно декарбонизиран енергетски сектор до 2035 година, додека како приоритет се наведени и конкретни и навремени чекори за постепеното укинување на производството на јаглен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски