Фудбалер усмрти судија за време на натпревар во Мексико

Од:

Мексичките медиуми пренесуваат дека Џонатан Г., фудбалер на локална нисколигашка екипа, го удрил и оттурнал судијата Ернан Ернандез кој при падот удрил со главата на земја и 15-тина останал да лежи без свест. Тој итно бил префрлен во болница каде, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

Мексиканскиот весник „Ел Насионал“ пишува дека полицијата набрзо пристигнала на лице место при што сите, како виновник, го посочиле 23. годишниот Џонатан Г. кој веднаш заврши во притвор.

Весникот наведува дека фудбалерот, покрај обвинението за кривично дело, на товар му се става и дополнителна отежнувачка околност дека не сторил ништо за да му помогне на Ернандез.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати