ФСБ уапси руски државјани кои шпионирале за Украина

Од:

Руската служба за безбедност ФСБ уапси шестмина руски државјани поради шпионирање за Украинската безбедносна служба и војската во неколку руски региони.

„На територијата на Пермската област откриени се група руски државјани, членови на СБУ – Дмитриј Стрелков, Михаил Соколов и Алексеј Гашев, чија задача била подготовка, извршување на терористички напади и саботажа на територијата на Русија“, на соопштението на ФСБ.

Новинската агенција РИА јавува дека ФСБ во Ростовската област открила руски државјанин, кој поседува и украински пасош, Владислав Пономарјов, кој, како што е наведено, му пренесувал информации на Киев за локациите на рускиот воен персонал и за движењето на воената опрема.

Според РИА, Валери Качен е уапсен во Биробиџан во Еврејската област, на далечниот исток на Русија, за кој било откриено дека пренесувал податоци за критичните инфраструктурни објекти во таа област по инструкции на украинските разузнавачи.

Украинската страна не се огласи во оваа прилика.

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат