„Фридом хаус“: Изборните демократии во светот се 118 во 2012 година

Од:

Изборните демократии во светот во 2012 се 118 – за една повеќе во споредба со 2011 година, соопшти невладината организација „Фридом хаус“ во извештајот „Слободата во светот – 2013“.

Три земји – Бутан, Грузија и Либија добиваат статус на изборна демократија, а две – Мали и Малдивите – испаѓаат од таа категорија. Меѓуглобалните тенденции, проследени во извештајот се:

– Растечкото насилство, извршено од муслимани врз муслимани, кое во Пакистан достигна ужасни размери. Тоа останува сериозен проблем во Ирак и во други земји.

– Сериозното ограничување на граѓанските слободи во Турција.

– Трајниот и вознемирувачки пад на демократските институции и зајакнувањето на репресиите во земји од Персискиот Залив.

На Блискиот Исток и Северна Африка – реон за кој се карактеристични религиозна поларизација, граѓански протести и репресивни автократски режими, слободата одбележува некои постигнувања во 2012 година. Во Тунис имаше значително подобрување во споредба со 2011 година, а Либија и Египет преминаа од категоријата неслободни земји кон категоријата делумно слободни.

Во земјите од Арапската пролет најтешки репресии имаше во Сирија. Назадување беше забележано и во Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан и Обединетите Арапски Емирати, оценува „Фридом хаус“.

Во делот за Централна и Источна Европа се одбележува дека враќањето на претседателското место на Владимир Путин во Русија „донело нов период на растечки репресии“. Евроазија – која ги вклучува земјите од поранешниот Советски сојуз без балтичките земји, сега мусоперничи на Блискиот Исток како регион со најрепресивна политика во светот, се тврди во извештајот на „Фридом хаус“.

Подобрувања, според извештајот, имало во Ерменија, БиХ и Грузија, а назадување во Казахстан, Русија, Таџикистан и Украина. Западна Европа и Северна Америка продолжуваат да се борат со последиците од финансиската криза. Во Европа се засилуваат националистичките движења во одговор на протокот на емигранти, но во целина тоа не го засегнало традиционалното високо ниво на почитување на демократските стандарди и граѓански слободи, посочува „Фридом хаус“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски