Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа имаше телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама во врска со кризата во Украина, додека за утре на истата тема ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Петро Порошенко, јавува дописникот на МИА од Париз.
– Имав повеќе разговори деновиве за ситуацијата во Украина, утре ќе имам со Меркел, а потоа и со Порошенко, изјави францускиот претседател по средбата со шефот на владата на Естонија Таави Роивас.
Францускиот претседател притоа подвлече дека ситуацијата во Украина и мерките што треба да бидат преземени ќе бидат разгледани во Европскиот Совет на 16 јули.