Франсоа Оланд ќе се жени на 12 август

Од:

Неколку француски медиуми, како парискиот весник „Паризиен“ се интересираат за гласините според кои претседателот Франсоа Оланд се подготвува да стапи во брак и да ја официјализира својата врска со Жули Гаје на 12 август, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Овие гласини се слушаат и се пренесуваат, според весникот, и во самата влада. Имено францускиот претседател од 5 до15 август ќе биде на одмор и за време на одморот тој ќе треба да ја официјализира врската со актерката Жули Гаје на 12 август. На тој датум претседателот Оланд ќе го прослави својот 60 роденден.

Предвидувањето за стапувањето во брак на Франсоа Оланд, кој се досега живеел со жени без да стапи официјално во брак, ја даде астрологот Елизабет Тесие, која на времето беше личен астролог на Франсоа Митеран.

Во Елсиејската палата, според весниците, нема коментари на овие гласини. Но аналитачарите сметаат дека изјавата на Франсоа Оланд, дадена во интервјуто за 14 јули доволно интригира: „приватниот живот треба да биде приватен живот“, пред да додаде „Кога ќе имам информации за давање, ќе ви ги дадам. Но јас немам ниту една“.

Од Социјалистичката партија не кријат дека сакаат нивниот претседател да излезе од нерегулираната ситуација со актерката, како што тоа го направи со доскорашната придружничка Валери Триервеилер. Во 2010 година Франсоа Оланд, подготвувајќи се за освојување на Елисејската палата, откри во магазинот „Гала“ дека новинарката Валери Триервеилер е „жената на неговиот живот“, за да ја остави неколку години подоцна.

Со официјализрањето на врската со Жули Гаје, Оланд само ќе покажел дека тоа не била „обична љубовна авантура“ и со тоа ќе може да ги избегне критиките за време на предизборната кампања во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата