Французите масовно се тестираат за да видат дали го прележале коронавирусот

Од:

Од пред неколку дена, откако започна фазата на излегување од изолација, голем број Французи се упатија во градските биолошки лаборатории за да прават тестови за откривање на тоа дали биле заболени од коронавирусот. Министерството за здравство објави список со 23 серолошки тестови за кои се смета дека се сигурни, јави дописникот на МИА.

Списокот е вистинска алатка која со нетрпение ја чекаше медицинскиот персонал, но и локалните власти кои веќе масовно нарачаа тестови.

Од триесетте испитани тестови, само дваесет и три се конечно одобрени од здравствените власти. Седум се нарекуваат Елиса, односно се вршат преку тест на крвта и може за неколку часа да се открие дали се развиле антитела. Шеснаесет се брзи тестови, со резултат за неколку минути. Цената на тестовите варира од 30 до 60 евра, а засега тие се на сметка на лицата кои сакаат да се тестираат, а тоа не им е пропишано од лекар.

Овие одобрени тестови можат да бидат пропишани од лекарите и сега ќе бидат надоместени од социјалното осигурување. Тие, исто така, ќе бидат достапни за медицински персонал од следната недела. Францускиот национален орган за здравство препорачува тие да бидат наменети за лицата кои имале симптоми во последните неколку недели и кои не биле прегледани и за лица без симптоми, но кои работат во домови за нега на стари лица или затворено сместување, како касарни.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден