Французикна од 102 години осомничена за убиство на цимерка во старечки дом

Од:

Француското обвинителство денеска отвори истрага за убиството на 92-годишна жена во старечки дом во северна Франција, а за злосторот осомничена е нејзината 102-годишна цимерка, која е префрлена во психијатриска болница.

Обдукцијата покажа дека старицата била усмртена со давење и добила неколку удари по глава.

Нејзината 102-годишна цимерка бурно и нервозно реагирала на веста за трагедијата и поради тоа била префрлена во психијатриска болница. Извори од болницата велат дека старата жена во конфузна состојба рекла дека „некого убила“.

Обвинителството соопшти дека истрагата е отворена, но се чекаат психијатриските наоди пред евентуалното покренување на постапката против стогодишнината.

Би можело да ве интересира

Жозеф Зимет назначен советник за односи со јавноста во Елисејската палата

Макрон: Иднината на Русија е врзана за Европа

Ана Ололовска

Убиецот на новинарот Јан Куцијак е поранешен војник

Татјана Ташкова

Французи како сувенир земале 40 килограми песок од Сардинија, им се закануваат шест години затвор

Татјана Ташкова

Џонсон: Ќе бидеме подготвени за напуштање на ЕУ со или без договор

Француско семејство поднесе тужба откако не доби одговор за раѓање на бебиња со малформации

Ана Ололовска