Француските студентски организации загрижени поради растот на студентските трошоци

Од:

Сите студенти во Франција сместувањето, исхраната и особено превозот следнава универзитетска година, што почнува во септември, ќе ги чини за 2,86 отсто поскапо. Странските студенти од неевропските земји, кои студираат во Франција, во најголем број нема да бидат погодени од реформата со која се предвидуваше зголемување на правото на запишување на година во просек од 1490 отсто, јавува дописникот на МИА.

Трошоците за студентскиот живот во Франција се искачува од година во година. Според извештајот на Националната унија на француски студенти (УНЕФ), оваа година трошоците ќе нараснат за 2,83 отсто, „што е значително зголемување и е многу повисоко од инфлацијата“.

Конкретно, сместувањето е тоа што го намалува најмногу буџетот на студентите. Сместувањето просечно е со раст од 2,97 отсто, додека во Париз изнесува пет отсто и дури 11 отсто во Бордо.

Меѓу другите трошоци, исхраната претставува, исто така, многу важен дел од буџетот на студентот. Според Унеф, трошоците просечно се зголемиле за 8,17 отсто.

Трошоците се зголемуваат и за превозот, во просек 269 евра за нестипендистите и (258 за останатите) Така претплатата за превоз се зголемува за 24 отсто во Стразбур и повеќе од два отсто во Лил, Бордо или Нанси. Од друга страна, во регионите, цената на претплатата во просек се намалува за 0,46 отсто. Затоа, Унеф повикува на воведување „половина тарифа за студентите во јавниот превоз во сите универзитетски градови.

Така студент на возраст од 20 години во трета година на факултет просечно ќе треба да потроши 2.285 евра на самиот почеток, за школарина, домување, опрема… Односно зголемување за 1,96 отсто во споредба со минатата година.

Додека годишните школарини на универзитетот се чини дека се стабилизираат во просек (+ 0,28 отсто), Унеф предупредува на експлозијата за не-европски студенти.

Странските не-европски студенти меѓу кои и тие од нашата земја, требаше за запишување на факултет да платат 1490 отсто во просек повеќе во споредба со лани, ова поради реформата од минатиот ноември на француската влада, која има за цел да ја зајакне атрактивноста на француските универзитети, кои се лошо класирани на шангајската листа. Имено ако лани за школарина во трета година плаќаа 170 евра, сега треба да платат 2.770, додека за мастер наместо ланските 243, сега треба да платат 3.770 евра.

За среќа повеќе универзитети одбија да ги спроведат овие нови цени.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден