Француските пилоти се закануваат со штарјк

Од:

Водечкиот синдикат на пилоти во Франција (СНПЛ) ја предупреди Владата дека ќе организира штрајк од 6 до 11 мај, ако новиот закон ги намали нивните овластувања во преговорите.

Синдикатот стравува дека новиот закон за сообраќај, за кој расправа Парламентот, би можел да ги стави во истата група со другите синдикати од секторот во преговорите со пратениците или работодавачите, со што нивниот глас во преговорите за проблемите со кои се соочуваат пилотите, ќе биде ослабен.

Синдикатот за своите намери ги информирал премиерот Едуард Филип, министерката за транспорт Елизабет Борн, како и министерката за труд, Мириела Пенико.

Штрајкот може да ја погоди работата на сите авиокомпании кои работат во Франција.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден