Француските иселеници во Британија можат да се вратат дома, ама само со негативен тест

Од:

Од утре, среда 23 декември, е закажано „безбедно повторно отворање на движењето“ меѓу Обединетото Кралство и Франција. Границите ќе останат затворени за британските граѓани.

Француските иселеници кои живеат во Велика Британија беа изненадени од затворањето на границите. Соочена со овој изменетиот вирус, Франција одлучи, како и многу европски држави, да ги прекине од полноќ во недела, 20 декември, сите патувања на луѓе од Велика Британија, до вторник, 22 декември, на полноќ.

Оваа суспензија ги наруши плановите на многу граѓани кои имаа намера да се вратат во Франција за Божик. Според Француската амбасада во Лондон, скоро 50.000 Французи кои живеат во Велика Британија се враќаат во земјата секоја година во текот на овој период.

Мерката ќе биде укината од оваа среда, 23 декември. Планирано е „безбедно повторно отворање на протоците“ меѓу Велика Британија и Франција, со нов здравствен протокол, објаснува Амбасадата. Повторно ќе биде дозволено „организирано движење на луѓе и стоки“ со железница, траект и авион.

Новиот здравствен протокол требаше да се базира на прво место на задолжителен тест ПЦР при напуштање на Обединетото Кралство.

Француските иселеници и туристите кои планирале да се вратат во Франција за да го поминат годишниот одмор со своето семејство, се поканети што е можно поскоро да извршат тест во наредните часови. По пристигнувањето во Франција, граѓаните мора императивно да го претстават својот негативен тест. И нема да биде потребен карантин.

Покрај тоа, иселениците ќе мора да ги сносат трошоци за тестовите, кои во просек се скапи. На пример, на аеродромот Хитроу во Лондон, ПЦР-тест чини 99 фунти. Тестовите извршени на асимптоматски луѓе во Англија не ги надоместува јавниот здравствен систем на земјата, Националната здравствена служба. Тарифите понекогаш можат да достигнат и до 250 фунти. Центрите за тестирање, кои честопати се полни кога се ближи Божиќ, не гарантираат брз резултат.

Британците кои постојано живеат во Францијаќе можат исто така да се вратат. Сепак, границите ќе останат затворени за другите британски граѓани.

Од понеделникот се одржани неколку состаноци меѓу различните европски земји и Европската комисија. Дваесет и седумте се обидуваа да воспостават заедничка доктрина.

Резервациите за воз, авион и траект во моментов се отворени за патувања направени од 23 декември. На страницата „Еуростар“ нема повеќе слободни места за билет во еден правец меѓу Лондон и Париз на 23, 24 или 25 декември.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Франција абортусот го прогласи за уставно право