Францускиот заложник Серж Лазаревиќ е жив

Од:

Исламитичката органзиација Ал Каеда на Исламскиот Магреб (АКМИ) објави видео снимка на која е идентификуван францускиот заложник Серж Лазаревиќ, кој беше грабнат во ноември 2011 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој се наоѓа во посета на Австралија, ја потврди автентичноста на снимката, притоа осудувајќи го „воајеризмот на варварството“ со прикажување на видео снимка на која се гледаат двајцата заложници во рацете на АКМИ, односно францускиот заложник Серж Лазаревиќ и холандскиот Сјаак Ријке

Оланд јавно се запраша зошто се „прикажани“ заложниците и дали со тоа припадниците на АКМИ сакале да покажат дека плнираат ужаси како во Сирија или пак да ја зголемат вредноста на заложниците.

Во видео снимката, Серж Лазаревиќ директно му се обраќа на претседателот Оланд, при што вели дека „тој ќе биде одговорен за се што ќе му се случи“,по што го поздравува своето семејство.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски