„Францускиот Спајдермен“ го поддржа штрајкот против пензиските реформи

Од:

Алан Роберт, слободен алпинист наречен „ Француски Спајдермен“ почна да се искачува на зградата „Тур тотал“ (Tour Total), облакодер од 48 катови во париската деловна област, за да изрази поддршка на работниците кои штрајкуваат поради пензиските реформи.

Педесет и седумгодишникот Роберт се има искачено на повеќе од 100 објекти вклучувајќи го и Голден Гејт мостот во Сан Франциско и највисоката светска градба Бурџ Калифа во Дубаи.

Роберт често ги искачува зградите без дозвола и повеќепати бил уапсен од полицијата.

Тој се искачува без опрема, се служи со голи раце, има облека за искачување и вреќа со креда во прав за бришење на потта.

Повеќе од еден месец во Франција се одржуваат штрајкови поради промена на пензиските реформи.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден