Францускиот Парламент ќе гласа за симболично признавање на Палестина

Од:

Француското Национално собрание на 28 ноември ќе гласа за резолуција предложена од страна социјалистите, со кое се повикува Владата да ја признае палестинската држава, јави дописникот на МИА од Париз.

Оваа информација француските медиуми ја добиле од парламентарни извори, а гласањето ќе се случи десетина дена пред гласањето во Сенатот на 11 декември по една друга резолуција за признавање на палестинската држава, предложена од групата на комунистите.

Во нацрт-резолуцијата, Собранието ја повикува француската Влада од признавањето на Палестина да направи инструмент за да се најде дефинитвно решение на конфликтот меѓу Израел и Палестинците.

Гласањето од страна на Собранието и Сенатот не значи признавање на палестинската држава од страна на Владата, туку ќе биде симболично по изјаснувањето на британскиот Парламент во средината на октомври и откако шефот на европската дипломатија Федерика Могерини постојано се залага за палестинскате држава, по доаѓањето на оваа функција.

Во средината на октомври, шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека „единствено прашање е кои се модалитетите и како е можно да се биде поефикасни“

– Тоа што се сака, е да бидеме полезни за мирот. Се досега нашата идеја беше дека признавањето треба да биде поврзано со преговорите. Започнувајќи од моментот кога преговорите се невозможни или нема да има заклучоци, потребно е Франција да ја преземе својата одговорност, порача Фабиус.

Минатата сабота, Фабиус дополни дека „признавањето на палестинската држава од страна на Франција“, треба да биде корисно за напорите за излез од ќорсокакот и да придонесе за дефинтивното решавање на конфликтот.

Гласањето по резолуцијата е ставено на дневниот ред на Националното собрание на 28 ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм