Францускиот министер за одбрана смета дека е можна коалиција против ИД со учество на Русија

Од:

Францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан изјави вчера дека промената на позицијата на Русија кон случувањата во Сирија овозможува создавање на единствена коалиција против Исламска држава.

– Забележувам дека Русија ја менува позицијата, бидејќи уште денеска (!7 ноември) таа изврши напади со балистички ракети во Рака, која е упориштето на ИД во северна Сирија, изјави министерот за интервју за француската телевизија Те-Еф 1.

Тој нагласи дека Русија ги почнала воздушните напади уште пред неколку недели, при што најчесто цел биле бунтовниците, кои се борат против силите на претседателот Башар ал Асад.

– Но потоа се случи таа трагедија, тој напад на Даеш врз руски авион, кој беше целосно уништен, додаде Дриан.

Во тој контекст, според него, голема коалиција против ИД, за чие создавање повика Франција по нападите во Париз, може да стане реалност бидејќи позицијата на Русија евалуира.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми