На североистокот на Франција отворен е забавен парк инспириран од „Малиот принц“ на францускиот писател Антоан де Сент Егзипери.
Паркот им овозможува на посетителите да се потсетат на познатата реченица од тој роман дека „сите возрасни лица претходно биле деца“.
Со воздушните балони, тобогани, живи лисици и овци, модерна опрема, забавниот парк „Малиот принц“ очекува 150.000 посети годишно.
– Наша целна група се децата, меѓу две и 12 години, но и сите возрасни луѓе, кои не забораваат дека некогаш биле деца, вели Жером Џакомони, еден од креаторите на проектот, што се наоѓа во близина на француско-германската граница.