Француски „Санофи“ ќе гради фабрика за вакцини во Сингапур

Од:

Францускиот производител на лекови „Санофи“ најави дека во следните пет години ќе инвестира 400 милиони евра во новата фабрика за вакцини во Сингапур.

„Санофи“ со новата фабрика ќе развие капацитети за масовно производство на иновативни вакцини и ќе биде подготвена во иднина да одговори на ризиците од пандемијата, се наведува во соопштението на компанијата.

Проектот треба да обезбеди нови 200 работни места во Сингапур, додава компанијата.

Француската компанија очекува да почне со работа во третиот квартал од оваа година, а производството треба да почне во првите три месеци од 2026 година.

„Фабриката во Сингапур ќе го надополни постојниот капацитет за производство на „Санофи“ во Европа и Северна Америка и ќе стане регионален центар за производство на вакцини во Азија, наведе француската компанија.

Канадската Влада кон крајот на март објави дека француска компанија Во Торонто ќе гради фабрика за вакцини од 925 милиони долари.

Фабриката ќе го подобри снабдувањето со вакцини во Канада и ќе создаде 1.225 работни места, соопшти владата, најавувајќи инвестиција од 415 милиони американски долари во проектот.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден