Француски министер казнет со 4 евра

Од:

Поради јавна навреда на една транспортна компанија, парискиот суд за виновен го прогласи Арно Монтебур, министер во новата влада на Франција. Пресудата била 4 евра. Монтебур како голем противник на глобализацијата и нов министер за опоравување на индустријата, изјавил дека членовите на управата на поморката компанија „Си Франс“ биле „Крадци“.

Судот го осудил Министерот за клевета, а 4-те евра им припаднале на директорите на компанијата.

Монтебур се правдал дека неговите коментари не се навредливи, но членовите на конзервативната партија побараа оставка од него.

И новиот француски претседател се најде во непријатна ситуација бидејќи министрите, пред само една седмица потпишаа кодекс за етичко однесување.

 

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано