Француската Влада сака да ја забрза вакцинацијата против Ковид-19

Од:

Викендов француската Влада ја забрза кампањата за вакцинација против Ковид-19, што претставува мала победа во долгата трка со времето против епидемијата. Речиси 135.000 дози дополнителни вакцини се испратени до дваесетината најпогодени департмани од пандемијата, каде што се отворени и нови центри за вакцинација.

За министерот за здравство, Оливие Веран, дел од облогот е исполнет. Вчера на 6 март 220.000 Французи добија инјекција, или „повеќе од двојно од минатата сабота“ додаде министерот, заблагодарувајќи им се на „лекарите, медицинските сестри, пожарникарите, локалните избрани политичари и вработените во локалните заедници“.

Во текот на денешниот ден се спроведува слична акција, која би требало да продолжи и натаму. Француската Влада има за цел до средината на април со првата доза да вакцинира 10 милиони лица, 20 милиони до средината на мај и 30 милиони до лето. Досега во Франција најмалку 3,4 милиони Французи добија барем една доза од вакцините против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Србија се поблиску до колективен имунитет, вакцинирани речиси три милиони граѓани

А1он

Бразил е во „вистински пекол“ со коронавирусот, алармира СЗО

Жарко Настоски

Унгарија: Светска и олимписка шампионка во стрелаштво почина од Ковид-19

Жарко Настоски

Актерот Бенeдикт Камбербач е уверен дека тој бил нултиот пациент со коронавирусот

Жарко Настоски

Србија размислува за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници

Ана Ололовска

Белгискиот министер за здравство незадоволен од работата на ЕМА

Ана Ололовска