Француската Влада доби доверба од Националното собрание

Од:

Националното собрание на Франција вечерва гласаше за доверба на Владата на Едуард Филип, по што премиерот ја даде својата втора изјава за општата политика, која е појдовна точка за вториот дел од мандатот на претседателот Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

За доверба на Владата гласаа 363 пратеници, а против се изјаснија 163пратеници. Веднаш по гласањето премиерот Едуард Филип само кратко изјави „Благодарам“.

Претходно во образложувањето на политиката, која Владата и претседателот Макрон планираат да ја водат, меѓу другото премиерот најави дека таксата за место на живеење ќе биде укината за сите Французи, односно во текот на петгодишниот мандат тие ќе платат 27 милијарди евра помалку данок.

Во септември ќе биде разгледан законот за биоетика со делот со кој ќе се дозволи вештачко оплодување за сите, додека мерките предвидени за еколошката транзиција Владата ќе може да ги стави на референдум.

Реформите во институциите за кои се залага Емануел Макрон, но за кои се противи Сенатот (Горниот дом на Парламентот), ќе бидат оставени по сенаторските избори закажани за септември 2020 година, кога Макрон се надева дека и таму ќе освои мнозинство.

Францускиот премиер предложи и серија други мерки, како надомест за невработените, заминување во пензија на 62 години, мерки за самохраните родители, како и предлог за универзален личен доход, кој ќе биде претставен во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано