Француската полиција во потрага по лицето кое ја постави бомбата во Лион

Од:

Француската полиција бара едно лице за кое се сомнева дека ја остави бомбата на улица, тоа лице било снимено како со велосипед ја остава бомбата и заминува од камерите за видео надзор на Лион, јавува дописникот на МИА.

Лицето кое се бара е на возраст од околу триесетина години, при оставањето на бомбата неговото лице било покриено околу 17 часот на улицата Виктор Игом во пешачката зона на Лион.

Во експлозијата на експлозивната направа, направена рачно со шрафови и шајки според последниот биланс има 13 повредени лица, единаесет од нив се полесно повредени. Според градоначалникот на 2-от арондисман на Лион, Дени Броликие, експлозивната направа била намената да повреди.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер соопшти дека издал упатства до префектите на полицијата да ја зајакнат будноста на сите јавни места каде се одржуваат спортски и културни манифестации.

Претседателот Емануел Макрон зборува за „напад“, и во моментов не се знае кои биле мотивациите на напаѓачот. Истрагата му е доверена на антитерористичкото обвинителство на Париз. Експлозијата се случи само два дена пред европските избори во Франција.

Би можело да ве интересира

Пожар во руски центар за истражување на вирусите

Татјана Ташкова

Евакуирани околу 900 мигранти кај Ламанш во Франција

Ана Ололовска

Макрон најави поостра политика кон имиграцијата и азилот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пензиски реформи во Франција, адвокатите штрајкуваат

Десетина семејства на француски џихадисти го тужат министерот Жан Ив Ле Дриан

Ана Ололовска

Макрон користи апликација за контрола на своите министри и нивната активност

Ана Ололовска