Франција: Зголемено насилство врз децата во периодот на епидемијата

Од:

Телефонската линија „Ало деца во опасност“ регистрирала 20 отсто повеќе повици од почетокот на мерките за ограничување во Франција, јави дописникот на МИА.

Државниот секретар за заштита на детството, Адриан Taкe, соопшти дека повиците на бројот 119, кои се сметаат за итни се зголемени дури за 60 отсто. Тоа го покажува споредбата помеѓу првите три недели на мерките за ограничено движење (од 18 март до 6 април) и периодот во февруари (од 12 февруари до 2 март);

-Нема причина зошто овие бројки да не се менуваат, затоа што знаеме дека мерките на ограничување се поволни за насилството. Сепак, можеше да се стравува дека тој период ќе биде и понеповолен за пријавување на проблематични ситуации, од една страна затоа што децата жртви на насилството беа дома со родителите, а од друга страна затоа што наставниците или другите спортски тренери веќе не беа во можност да алармираат на забележани знаци на насилство, истакна државниот секретар.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден