Франција успешно тестираше нуклеарна ракета

Од:

Франција во средата успешно тестираше модернизирана верзија на својата балистичка ракета со среден дострел АСМПА, кој може да носи нуклеарно полнење, соопшти во четвртокот француското Министерство за одбрана.

Француската министерка Флоренс Парли, рече дека е многу задоволна од тестирањето на таа стратешка ракета лансирана од авионот Рафал, кој полета од воената база Казо во Атлантскиот Океан.

Француската програма за вооружување е во согласност со целта на претседателот Емануел Макрон „да се одржи оперативниот кредибилитет на вооружените сили на ниво кое го бара меѓународната средина“, соопшти Министерството.

По успешното тестирање АСМПА оди во пошироко производство, а потоа во француската армија.

Ракетниот систем АСМПА во сегашната форма датира од 2009 година, а иако новиот систем треба да го наследи во 2035 година, акцентот во моментов е на модернизирање на постоечкиот.

Откако Британија ја напушти Европската унија, Франција остана единствената членка на тој сојуз со нуклеарно оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден