Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира, таа на премиерот Филип се зголемува

Од:

Една недела пред вториот круг на општинските избори во Франција и најавената реконструкција на француската влада веднаш по изборите, популарноста на претседателот Емануел Макрон стагнира, додека таа на премиерот Едуар Филип се зголемува, јави дописникот на МИА.

Според испитувањето на ИФОП за Журнал ди Диманш, популарноста на Емануел Макрон стагнира на 38 отсто на задоволни Французи од неговата работа, односно -1 процентен поен за еден месец, додека 60 отсто од испитаниците не се задоволни од оствареното од нивниот претседател.

Сепак популарноста на Макрон е поголема во споредба со таа на неговите претходници Никола Саркози (34%) и Франсоа Оланд (22%) во истиот период од мандатот.

Од друга страна популарноста на премиерот Едуар Филип се зголемува, при што 50 отсто од испитаниците се задоволни од неговата работа, додека 48 отсто не се задоволни.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ