Франција погодена од најлошата суша досега, апел до граѓаните да ја користат водата штедливо

Од:

Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата.

– Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што од една страна го зголемуваат испарувањето, но и побарувачката за вода. Ситуацијата може да продолжи во текот на следните две недели, па дури и да стане позагрижувачка, истакна Борн.

Таа упати апел до Французите штедливо да ја користат водата.

Голем број делови во Франција се погодени од суша, поради што некаде се воведени ограничувања на водата, вклучително и за наводнување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он