Франција побара странска воена интервенција во Мали

Од:

Франција повика за итна странска воена интервенција во Мали, по апсењењто на премиерот Шеик Дијара.

Диара беше приведен синоќа во домот во Бамако од дваесетина војници по наредба на капетан Амаду Саного, шеф на тимот армиски сили кои извршија воен удар на 22 март со кој беше соборен претседателот Амаду Туре. По воениот удар северниот дел од Мали беше заземен од исламистите.

По апсењето, Диара поднесе оставка.

– Јас, Шеик Модибо Диара, поднесувам оставка заедно со мојата влада, изјави премиерот во кусото обраќање преку телевизијата.

Тој не ја кажа причината за оставката. Им заблагодари на соработниците и им посака успех на новите раководители кои ќе ја преземат власта.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден