Франција побара итна седница на Советот за безбедност поради продажбата на мигранти во Либија

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан соопшти дека побарале итна седница на Советот за безбедност на ОН поради продажбата на африкански мигранти како робови во Либија.

– Франција денеска одлучи да побара итна седница на Советот за безбедност, на која ќе се расправа за тоа прашање. Франција барањето го поднесува во улога на постојана членка на Советот. Таа има право да го направи тоа и еве го правиме, изјави Ле Дриан.

Истрага во врска со наводите за продажба на мигранти побара и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и изјави дека тоа е злостроство против човештвото.

Претходно, Си-Ен-Ен објави видео снимка на која што може да се види понуда и продажба на мигранти како робови.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

САД ставија вето на приемот на државата Палестина во ОН

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Израел: Паднаа маските

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо