Франција од денеска дозволува вакцинирање на сите возрасни групи

Од:

Од денеска сите граѓани на Франција, без разлика на возраста или здравствената состојба, ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19, во момент кога властите постепено ги ублажуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата.

dobivaj vesti na viber

– Целосно сум убеден дека голем број луѓе ќе се вакцинираат сега, изјави Ален Фишер, шеф на кампањата за вакцинација во француската Влада.

Тој смета дека проширувањето на кампањата за вакцинација претставува „клучна фаза“ за заштита на населението и „враќање во понормален живот“.

Французите ќе мораат да бидат стрпливи во очекување на вакцината, бидејќи закажувањата на термини, достапни од четвртокот, „постепено“ пристигнуваат на специјализираните платформи на Интернет, истакна министерот за здравство, Оливие Веран. Платформата Доктолиб соопшти дека веројатно не би можело веднаш да се одговори на сите барања поради „сè уште ограничениот број на дози на вакцини“.

Следниот месец се очекува пратка од 76,7 милиони дози, наспроти 44,5 милиони добиени во мај.

Најмалку една доза во Франција примиле 25,4 милиони луѓе или 38 проценти од населението, и 48,4 отсто од возрасната популација. Две дози примиле околу 10,7 милиони луѓе.

Фишер проценува дека „има големи шанси“ Владата да ја надмине предвидената цел од 30 милиони први дози на вакцини до 15 јуни.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека најмалку 70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани за да се прогласи крај на пандемијата, додавајќи дека Европа „сè уште премногу бавно го вакцинира“ своето население.

Во 53 земји кои припаѓаат на европската СЗО, вакцинирани се само 26 проценти од населението.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Павлова-Николовска