Франција нема да ги прифати европските џихадисти

Од:

Франција за сега нема да го исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, европските сојузници да ги прифатат исламистичките борци од Сирија, туку поединечно ќе ги разгледува случаите, изјави француската министерка за правда Николо Белубе.

Трамп побара од Франција, од Велика Британија и од Германија да преземат повеќе од 800 свои државјани, кои се заробени во Сирија како борци на Исламска држава.

Американскиот претседател најави повлекување на американските сили од Сирија по поразот на ИД, а тоа предизвика загриженост во Париз и другите европски градови дека џихадистите би се обиделе да се вратат во своите земји во Европа.

– Со американското повлекување се создава нов геополитички контекст. За сега не ја менуваме нашата политика. Во овој момент Франција нема да го исполни барањето, посочи Белубе.

Официјален Париз категорично одбива враќање на џихадистите и нивните сопруги во Франција. За шефот на француската дипломатија тие се „непријатели“ на нацијата кои треба да бидат изведени пред суд во Сирија или во Ирак.

Курдските сили во Сирија во заробеништво држат околу 150 француски државјани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски