Франција: Медиумскиoт барометар покажува јаз меѓу генерациите во пристапот до информации

Од:

Во 33-тиот барометар за довербата во медиумите на Кантар за дневниот венсик „Ла Круа“, интересот на Французите за информации го достигна своето најниско ниво досега. Ако телевизијата останува привилегиран пристап до информации за старите лица, дигиталните и социјалните мрежи стануваат се сè почесто извор на информациите кај младите, јавува дописникот на МИА.

Потрагата по внимание на вестите не се игра само на екраните. Радио и печатените медиуми се наведени од 15 отсто и четири отсто од испитаниците, соодветно, како основно средство за пристап до информации, но сепак трендот на нивна маргинализација во полза на телевизијата (48 отсто) и дигиталните извори (32 отсто), продолжува секоја година.

За сите овие извори на информации, се шири јазот меѓу генерациите, Французите со над 65 години избираат да се информираат преку телевизијата (65 отсто), додека најмладите се одвраќаат од неа (18 отсто кај 18-24 годишниците). Општите ТВ канали остануваат привилегирани (29 отсто), но постојаните информативните канали за вести се исто така ценети (19 отсто), особено кај лицата на возраст од 35-49 години.

Кога станува збор за интернет, старосната пирамида е обратна. Дури 75 отсто од лицата на 18-24 годишна возраст сакаат да се информираат преку дигиталните медиуми во споредба со осун отсто кај за оние над 65 години. Кај целото населението, дигиталниот пристап до информации продолжува да расте, за 10 поени за пет години, додека телевизијата останува стабилна.

-Телевизијата се троши, но останува доминантен модел, анализира Арно Меркиер, професор по информации на „Париз 2“ . Дури и кај младите луѓе кои сè уште ги мешаат изворите ТВ и Интернет.

Апликациите за мобилни телефони или страниците за печатени медиуми остануваат на врвот на дигиталните извори (25 отсто) пред социјалните мрежи (22 отсто), но наскоро линиите треба да се вкрстат бидејќи вторите ќе се здобијат со поголема доверба кај младите луѓе (45 отсто кај оние од 18-24 години, во споредба со шест отсто кај оние над 65 години).

Сепак, сè уште постои недоверба во дигиталните медиуми, корисниците на Интернет се претпазливи околу информациите добиени преку Фејсбук или Твитер кога ги споделува пријател (66 отсто од испитаниците, стабилна стапка) или од орган на печатот (50 отсто, се зголемува). Ова зголемување несомнено се должи на измената во 2018 година на алгоритмот на „Фејсбук“ фаворизирање на интеракции помеѓу „пријатели“ – моторот на неговиот деловен модел поткрепен со лични податоци -, на штета на страниците за медиуми.

Меѓутоа, 66 отсто од анкетираните изјавиле дека треба да обрнат внимание на тоа кој ги пренесува информациите. Но, според Арнауд Мерсиер, оваа стапка е превисока за да биде искрена …

-Испитаниците се свесни за практиката на социјалните мрежи. Овој резултат кажува многу за чувството на вина на корисниците на Интернет и свеста дека тие имаат одговорност во ширењето на информациите.

Инаку од сите медиуми, Французите најмногу имаат доверба во радиото 50 отсто, пишуваниот печат -весниците 46 отсто, телевизјата 40 отсто и во интернет само 23 отсто.

Анкетираните Французи откриваат помалку лажни вести на интернет (59 отсто), младите (72 отсто) и најквалификуваните (67 отсто) откривааат повеќе.

На прашањето за „актерите кои треба да дејствуваат против ширење на лажни вести“, испитаниците на прво место ги ставаат новинарите (38 отсто, + 2) и потоа телата за набудување (36 отсто, + 2), а потоа следат самите граѓани (29 отсто, –2), владата (26 отсто, + 3), наставниците (пет отсто и академици (два отсто).

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано