Франција: Медицински персонал заразен од Ковид 19 развил привремен имунитет

Од:

Лицата заболени со лесна форма на Ковид19 се имуни на повторна инфекција барем на краток рок, потврди францускиот институт Пастер. Резултатите следуваат по студија врз 160 здравствени работници во две универзитетски болници во Стразбур, кои тестирале позитивни на вирусот со благи симптоми, и за ниту еден не требало хоспитализација, јави дописникот на МИА.

– Антитела беа пронајдени кај 159 од 160 лица, изјави за француското радио Франс Интер, професорот Арно Фонтане од Институтот Пастер што ја спроведе таа студија.

Професорот Арнауд Фонтанет, кој ја водеше студијата во Институтот Пастер, рече: „Она што е уште поинтересно е дека баравме неутрализирање антитела за кои знаеме дека обезбедуваат заштита од, да речеме, реинфекција“.

-И тука, еден месец подоцна, ги најдовме во 98 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19 – резултати кои се навистина добри вести“, изјави тој.

Засега останува нејасно колкав процент на лица кои се заразиле со болеста развиле антитела.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано