Франција/Ковид-19: Ограничувањата да бидат продолжени, бара главниот советник на Владата

Од:

Претседателот на францускиот Научен совет Жан Франсоа Делфреси денеска нагласи дека е „исклучитено важно“ да продолжат мерките на ограничено движење што се на сила од 17 март во Франција.

Советот е со став дека „ограничувањата мора да траат уште неколку недели почнувајќи од сега“, јави дописникот на МИА.

– Нашиот заклучок е дека во сегашната состојба можеме да започнеме да дискутираме и да имаме стратегија за тоа што ќе се случи по укинувањето на мерките, но и дека главниот елемент е продолжувањето на строгите ограничувања во следните неколку недели, рече Жан Франсоа Делфреси за Франсинфо.

Професорот Делфреси, кој е претседател на научниот совет што ја советува Владата за тоа како да се справи со епидемијата, исто така рече дека дури 17 милиони Французи се сериозно изложени на ризик од коронавирусот заради возраста, болести или прекумерната тежина.

Првично беше планирано да трае две недели, мерките веќе беа продолжен за две недели, до 15 април, а премиерот Едуард Филип предупреди дека „веројатно“ тие ќе продолжат и понатаму, без да даде повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден