Франција ќе воведе квоти за странски работници надвор од ЕУ

Од:

Франција првпат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од Европската Унија, на кои ќе им биде овозможен влез во земјата, соопшти денеска министерката за труд Муриел Пеницауд.

Таа појасни дека квотите ќе бидат одредени следното лето, дополнувајќи дека Владата ќе состави попис на релевантни занимања кои ќе бидат покриени со тие квоти, иако е приоритет да се вратат Французите на пазарите на труд.

– Наш приоритет е да им се помогне на Французите да се вратат на пазарот на труд. Дури потоа ќе се свртиме кон бегалците и ќе им овозможиме да најдат работа, истакна министерката.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано