Франција ќе им плаќа на луѓето што одат со велосипед на работа

Од:

Во Франција почна експеримент со кој ќе им се плаќа на луѓето кои на работа ќе одат со велосипеди, и со тоа француските власти стануваат дел од напорите и на други европски влади кои сакаат со таков потег да се подобри здравјето на населението и да се заштити загадувањето на околината.

Неколку држави меѓу кои Данска, Холандија, Германија, Велика Британија и Белгија веќе имаат такви шеми за луѓето кои одат на работа со велосипед – даночни намалувања, плаќања за изминат километар и финансиска поддршка за купување велосипед.

Во Франција околу 20 компании во кои работат околу 10.000 луѓе се договорија да плаќаат по 25 центи за изминати километар со велосипед на луѓе кои ќе го користат тоа превозно средство за да дојдат на работа, соопшти Министерството за транспорт.

Министерството се надева дека со тој потег ќе се зголеми користењето на велосипед за околу 50 отсто. Во моментот на работа со велосипед одат околу 2,4 отсто вработени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм