Франција ја налути Русија

Од:

Париз не сака да ги види воените злосторства извршени од украинската армија и намерно ги премолчува овие работи, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Цинизмот на француските власти никогаш не престанува да не изненадува. Иако приоритет им е борбата против неказнивоста, тие замижуваат пред бројните злосторства извршени од украинските сили. Замижуваат и пред злосторствата извршени врз граѓаните на Донбас во изминатите осум години“, се вели во соопштението.

Рускиот оддел за надворешна политика го наведе како пример неодамнешниот инцидент кога украинските војници пукаа во руски затвореници.

„Тоа не е од никакво значење за француските власти. Единственото нешто што им е важно е што велат лидерите во Киев, а единственото нешто што им е важно е пропагандата на тој криминален режим на Киев“, се вели во руската реакција.

Истовремено, Москва е огорчена од изјавата на Министерството за надворешни работи на Франција во врска со плановите за формирање „специјален трибунал за злосторствата на руската агресија“, иако, како што тврди руското одделение, нема да има ништо заедничко со судството.

„Покрај обидот за вклучување на Меѓународниот кривичен суд, западните земји одлучија да ја пропагираат идејата за формирање нова отворено политизирана „судска“ инстанца која во суштина нема никаква врска со судството“, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“