Франција и Мексико бараат седница на Совет на безбедност на ОН на 29 март

Од:

Франција и Мексико побараа во вторник на 29 март да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната ситуација во Украина, изјави денеска извор од светската организација.

– Барањето е поднесено денеска, истакна изворот.

На вчерашната итна седница на Советот за безбедност на ОН беа поднесени две резолуции за хуманитарната ситуација во Украина.

Првата е заеднички предлог на Франција и Мексико, во кој се повикува Русија веднаш да ја прекине воената операција, додека втората, поднесена од Јужна Африка, не содржеше такво барање, туку се фокусираше исклучиво на хуманитарната ситуација, како што се помошта и хуманитарни коридори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски