Франција и Јапонија ги засилуваат врските во нуклеарната сфера и одбраната

Од:

Јапонија и Франција се договорија да ја прошират соработката во нуклеарните технологии и да размислат за заеднички проекти во воената сфера, пренесоа американските медиуми.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд, кој е во тридневна посета на Јапонија и премиерот Шиндѕо Абе во заедничката изјава ветија дека нема да дозволат ширење на нуклеарното оружје и дека ќе ги зголемат стандардите за безбедност во нуклеарната енергетика.

Абе се стреми да го помогне јапонскиот извоз на нукларните технологии и покрај несреќата во Фукушима по земјотресот и цунамито од март 2011 година, забележаа американските медиуми.

Јапонската компанија „Мицубиши хеви индустрис“ и француската „Арева“ соработуваат во изградбата на реактор во Турција.

Средбата на високо ниво беше проследена со размена на спогодби за различни заеднички проекти, вклучувајќи го рециклирањето на нуклеарно гориво и помагањето во туризмот.

Од Јапонија Оланд побара итно ослободување на двајцата француски новинари, кои исчезнаа во Сирија, пренесоа британските медиуми.

Радио „Европа-1“ соопшти дека неговиот репортер Дидие Франсоа и фотографот Едуард Елиас исчезнале на пат за Алепо.

Оланд на прес конференцијата со Абе изјави дека двајцата новинари работиле за да може светот да добие информации и дека новинарите треба да се третираат како новинари.

Францускиот претседател одби да даде повеќе информации за двајцата, за да не го доведе во опасност нивниот живот.

Портпаролот на „Европа-1“ изјави дека француските власти прават се што е во нивна можност за да добијат информација за исчезнатите новинари.

Јапонија треба да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд во својот говор пред јапонскиот парламент.

Тој истакна дека Франција и Јапонија се важни фактори за мирот и го поддржа стремежот на Јапонија да стане постојана членка на Советот за безбедност, посочија француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски