Франција и го испорача на Аргентина „касапот“ од времето на диктатурата

Од:

Поранешниот аргентински полицаец Марио Сандовал, кого во матичната земја во времето на диктатурата го нарекувале „касапот“, Франција го екстрадира во Аргентина, која треба да му суди за наводна вмешаност во исчезнувањето на студент во 1976 година за време на диктатурата.

По осумгодишно судење и исцрпување на последните жалби минатата недела, француско-аргентинскиот државјанин со лет на „Ер Франс“ е испратен во Буенос Аирес.

Сандовал е во егзил во Франција од 1985 година, чие државјанство го стекнал, а беше уапсен минатата среда во неговиот дом во Ногент-сур-Марн, во близина на Париз.

Националниот совет, највисокиот судски орган во Франција, во средата конечно ја потврди одлуката за негова екстрадиција што Париз ја донесе на 21 август 2018 година.

Аргентинското судство го бараше Марио Сандовал од 2012 година под сомнение за вмешаност во повеќе од 500 убиства, измачувања и киднапирања во периодот на воената диктатура од 1976 до 1983 година.

Меѓутоа, неговата екстрадиција беше барана само за случајот на студентот Ернан Абриата, бидејќи за тој предмет судот располага со десетици изјави на сведоци.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден