Франција и Германија ќе испратат беспилотни летала за следење на примирјето во Украина

Од:

Франција и Германија наскоро ќе испратат беспилотни авиони за набљудување на примирјето во источна Украина, изјави синоќа францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дријан.

Според францускиот министер, прекинот на огнот се почитува во Укриана, „освен во Доњецк“.

– Треба да се направи се што е можно за почитување на прекинот на огнот и на тампон зоната, изјави Дријан во емисијата „Големо жири“ на телевизијата Ер-Те-Ел Ел-Си.

Моментно со Германија разгледуваме можности за заедничко зајакнување на набљудувањето на прекинот на огнот и тампон зоната, изјави Жан-Ив ле Дријан.

Тој додаде дека Париз и Берлин се консултираат со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и дека во брзо време ќе обезбедат беспилотни летала за набљудување на примирјето.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат