Франција го предлага Пјер Московиси за еврокомесар

Од:

Францускиот претседател пресече, Пјер Московиси поранешниот министер за eкономија и финасии ќе биде кандидатот на Франција за европски комесар во комисијата предводена од Жан-Клод Јункер, јавува дописникот на МИА од Париз.

Престедателството на француската република му ја соопштила оваа одлука на Жан-Клод Јункер, според повеќе европски извори.

Во трката за француски претставник во Европската комисија беше и поранешната министерка на Лионел Жоспен. Елизабет Гигу, која во моментов претседава со Комисијатаз а надворешни работи во Француското национално собрание. Гигу не ја криеше својата кандидатура, па дури и во печатот изјави дека таа ја има наклонетсота на претседателот Франсоа Оланд.

Покрај неа, како можен кандидат се споменуваше и европратеничката Первенш Берес, која ja предводеше листата на француските социјалисти во парискиот регион на последните европски избори.

Официјалното писмо со кандидатурите за комесари треба да бидат испратени до Жан-Клод Јункер до 31 јули, што треба да му дозволи да ги прераспореди ресорите и да може да ги претстави на европскиот самит предвиден за 30 август.

Францускиот претседател од своја страна потврди дека за Франција тој посакува заменик претседател на Европската комисија и ресорот за економија.

Според весникот „Паризине“, Германија, поточно Волфганг Шобле изразил воздржаност за кандидатурата на Московиси на оваа фукнција, односно тој не сака да и се додели на Франција одговорноста под чија надлежност е строгата буџетска политика која ја спроведува ЕУ.

Идејата е да се создаде еден нов ресор специјално посветен на економскиот развој преку инвестиции, за што се дискутирало со Јункер. Ресор кој е во согласност со ориентациите на Франсоа Оланд кој му ги доверил на Пјер Московиси. Но претходно Париз сака да ги знае точните услови и средства со кои ќе располага новиот комесар пред да се откаже од ресорот Економија.

Изборот на Московиси, нема да го задоволи и Јункер од едноставна причина, што тој очекуваше повеќе жени кандидати за комесар. Засега тој доби само една кандидатура, таа на Вера Јурова, предложена од Чешка. Шест други земји се уште офицјално немаат предложено кандидати: Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Словенија и Романија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата