Франција ги повикува граѓаните повторно да носат заштитни маски во јавниот превоз

Од:

Французите би требало повторно да почнат да носат маски на преполни места, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид-19, изјави синоќа министерката за здравство Брижит Боругињон.

– Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз, рече таа за Ер-Те-Ел, додавајќи дека тоа е „граѓанска должност“.

– Не дека само го препорачувам, ве молам да го направите тоа, додавајќи дека маските треба повторно да се носат на други затворени простори, како што се работни места и продавници.

Франција регистрира 17.601 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем број од 18 април.

Пред пет дена, лидерот на кампањата за вакцинација Ален Фишер потврди дека новиот бран на Ковид-19 ја пустоши земјата, поттикнат од појавата на нови варијанти на вирусот, како и насекаде во Европа, додавајќи дека тој лично се залага за повторно воведување на задолжително носење маски во јавниот превоз.

Новите случаи на инфекција во Франција растат бавно, но сигурно од крајот на мај и до седумдневен дневен просек се зголеми за повеќе од четирипати, од 17.705 случаи на 27 мај на 71.018 вчера.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден