Франција е на пат да ја постигне својата цел да вакцинира еден милион луѓе против Ковид-19 до крајот на јануари

Од:

Франција е на пат да ја постигне својата цел да вакцинира еден милион луѓе против Ковид-19 до крајот на јануари и има доволно дози од вакцината за да вакцинира 2,4 милиони луѓе до крајот на февруари, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.

За време на посетата на центарот за вакцинација во Гренобл, Веран изјави дека во Франција има околу 800 центри за вакцинација.

– Со забрзување на кампањата за вакцинација во домовите за стари лица, лесно ќе ја постигнеме нашата цел – еден милион Французи вакцинирани до крајот на овој месец, посочи тој.

Француското Министерство за здравство вчера објави дека Франција од почетокот на кампањата за вакцинација на 26 декември вакцинирала повеќе од 422.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години