Франција демонтира голем камп за мигранти во Кале

Од:

Француската полицијата спроведе акција за демонтирање на голем камп за мигранти во Кале, каде живеаа меѓу 700 и 800 лица.

Акцијата, која се одвиваше во мир, започна околу седум часот во секторот наречен „Ланд де Вирвал“ лоциран околу болницата во Кале. Околу дваесет мигранти биле одведени во автобус околу 7:30 часот, а вториот автобус заминал околу 8:00 часот. Непосредно по 9:00 часот, околу 200 мигранти биле евакуирани, според под-префектурата, додека граничната полиција во исто време извршила 21 апсење. Шатори и возила на цивилната заштита ба поставени на влезот во оваа област.

-Одлучив да ја изведам оваа операција пред големиот зимски студ и температурите кои ќе паднат од -3 до -4 степени, изјави на самото место префектот на Па-де-Кале, Луи Ле Франк, кој појасни дека 150 мигранти ќе бидат „засолнети“ во Па-де-Кале, додека 150 во другите департмани во Горна Франција, останатите 500 ќе бидат испратени во прифатните центри во различни региони.

-Ние сакаме да избегнеме каква било концентрација и нови места во Кале и ова место Ланд де Вирвал ќе стане недостапно. Со градоначалникот на Кале проучуваме што ќе биде можно да се направи. Нашата цел е исто така активно да се бориме против шверцерите и системите што тие ги воспоставија, рече префктот на Кале.

Во шумичката каде беа сместени мигрантите, беа напуштени многу шатори, јоргани, ќебиња, обувки и облека. Конзерви, ѓубре, превртени колички и церади се расфрлани на земја, како и ќебиња за преживување.

Државните служби го проценуваат бројот на мигранти кои живеат во Кале на илјада, а тие се со надеж дека ќе стигнат до Англија. Здруженијата редовно ги осудуваат овие операции за демонтирање, по што многу мигранти се враќаат.

Во четвртокот, бранителот на правата Клер Хедон ги осуди „понижувачките и нехумани“ услови за живот на мигрантите во Кале. Околу 250 активисти од здруженија и мигранти, претежно од Африканскиот рог, исто така демонстрираа во саботата во Кале, за да ги осудат условите за живот и забраната за дистрибуција на оброци во центарот на градот, наметната со декрет од префектурата од 10 септември на здруженија кои немаат мандат од државата.

Државните служби ја оправдуваат оваа забрана со нарушување на јавниот ред и мир и фактот дека овие дистрибуции не дозволуваат соодветно почитување на мерките за социјално дистанцирање. Тие подвлекуваат дека здружението „Ла Ви“, активирано од државата, обезбедува потреби за вода и храна на мигрантите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски