ФПО ќе поддржи гласање за недоверба на Курц

Од:

Слободарската партија на Австрија (ФПО) ќе поддржи гласање за недоверба на канцеларот Себастијан Курц, објавија австриските медиуми.

Медиумите ја пренесуваат и изјавата на Херберт Кикл, разрешен министер за внатрешни работи, дека ФПО нема да предложи гласање за недоверба, но ако тоа се случи, ќе ја укине поддршката за канцеларот.

Курц вчера го разреши Кикл, со што целосно ја прекина соработката на ФПО и сите нивни министри ја напуштија Владата и Народната партија (ОВП) на Курц.

Ако Социјалдемократската партија (СПО), најсилната опозициска партија, гласа против Владата, на претседателот на Австрија не му преостанува ништо освен да ја отпушти целата влада, па така и канцеларот кој со експерти имаше намера да владее до предвремени избори.

Ако целата влада биде разрешена, претседателот Александар ван дер Белен ќе мора да именува нов канцелар кој ќе предложи свој кабинет.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена