Во Бангкок денеска започнаа најавените тридневни антивладини протести со кои се бара целосно повлекување на сегашната Влада и формирање нов законодавен совет и нов владина кабинет, кои треба да обезбедат фер и демократски избори.
Протестите ги предводи Сутеп Таугсубан, кој потврди дека неговите симпатизери ќе ги држат под блокада владините институции и петте телевизиски станици во Бангкок.
Големи демонстрации за поддршка на завчера разрешената тајландска премиерка ЈинглукШинаватра за утре најавија поддржувачите на актуелната владејачка структура.
На местата каде што се можни директни контакти и евнтуални судири се распоредени над 5.000 полицајци.
Се стравува дека во ваквата тензична атмосфера може да дојде и до вооружени судири и жртви.
Од почетокот на антивладините демонстрации во Тајланд, во ноември минатата година, па досега, загинаа 28 лица, а над 700 се ранети.
Аналитичарите потсетуваат на демонстрациите од 2010 година кога во двомесечните судири на улиците на Бангкок загинаа 90 лица.