ФОТО: Судири во Украина за спорниот закон за рускиот јазик

Од:

Околу илјада демонсратнти се судрија со полицијата во центарот на Киев откако парламентот го усвои законот според кој рускиот јазик станува официјален. Во судирите е повреден и светскиот боксерски шампион Витали Кличко.

Како што пренсуваат агенциите полицијата дејствувала со солзавец за да ги тргне демонстрантите од зградата во која претседателот Виктор Јануковиќ планирал да одржи прес конференција.

Тој во последен момент ја откажал прес конференцијата на која планирал да говори за успешната организација на Европското првенство во фудбал.

„Во Украина може да се распишат вонредни парламентарни избори ако продолжи кризата која ја предизвика усвојувањето на контраверзниот закон за рускиот јазик“, рече Јануловиќ.

Тој разговарал со неколку пратенички групи за кризата, бидејќи претседателот на парламентот Владимир Литвин поднел оставка.

Спикерот ја поднесе оставката откако законот беше изгласан, но за да стапи во сила треба да го потпишат и претседателот на парламентот и Претседателот Јануковиќ.

 

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот